| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Зошто ќе се вработуваат психолози и педагози?

СДСМ ја коментираш одлуката на Владата за вработување на 294 психолози и педагози во основните и средните училишта, најавена за наредните 2-3 години, како потреба што, како велат од СДСМ, наводно произлегла од анализата што ја направило Министерството за образование за стручниот и кадровски потенцијал во училиштата.

petar_atanasov Петар Атанасов, член на Извршниот одбор постави неколку прашања до министерот за образование, Спиро Ристовски:

Зошто не направивте и анализа на учебниците што ја вети вашиот претходник?Зошто не направивте и анализа за преоптовареноста на наставниот кадар со административна работа на сметка на наставниот процес?Зошто, господине Ристевски, не направите и анализа за фрустрациите што ги предизвикавте кај децата, родителите и наставниците со екстерното тестирање?Зошто не направите и анализа за квалитетот на законите кои ги носите преку ноќ, без јавна расправа, без стабилна финансиска конструкција и со нефункционални елементи?Зошто не направивте анализа пред да потрошите односно фрлите над 60 милиони евра за неуспешниот проект компјутер за секое дете? Ние, се сомневаме во вашите добри намери- додаде Атанасов.

Од СДСМ побараа МОН да ја информира јавноста за тоа каде, кога и на кој начин ќе се вработуваат овие кадри, како и јавно да се публикува анализата која покажала дека токму овие, а не други стручни кадри, на пример дефектолози, се приоритет за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top