| четврток, 6 декември 2018 |

Тата Мартино: Нејмар е ист како Меси

Барселона има голем избор на играчи и победува и без најдобриот во составот Лионел Меси, а импресивна партија против Вањадолид синоќа прикажа бразилскиот ас Нејмар. Тој играше на позицијата што е вообичаена за Меси и одигра одлично. Нејмар постигна гол и имаше асистенција во победата на Барса од 4-1 против Ваљадолид. Кталонците имаат фантастичен старт на сезоната со 8 победи во исто толку натпревари, а тренерот Тата Мартино е задоволен и вели дека Нејмар е ист какмо Меси.

„Нејмар е доминантен во секој сегмент од играта, а што е уште подобро сака да напредува. За само два месеци одлично се вклопи во системот на Барселона. Тешко е да најдете таков играч, млад, а многу искусен и екстра-квалитетен. Тој е како Меси може да игра на сите позиции во офназивата, а против Ваљадолид покажа дека е одличен и во средината“, изјави Мартино.

Барселона долго преговараше со бразилскиот клуб Сантош за да го купи 21-годишниот ас и конечно летоска успеа да го ангажира Нејмар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top