| четврток, 6 декември 2018 |

Покер титули за Ѓоковиќ во Пекинг, за поразениот Надал бројот 1 на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Пекинг во финален дуел против големиот ривал Рафаел Надал и направи покер титули на турнирот. Со резултат 6-3, 6-4 српскиот ас го надигра Шпанецот, но и покрај триумфот на турнирот ќе мора од утре да му ја препушти позицијата број 1 на светската ранг-листа.

Проблем за Ѓоковиќ е што брани голем број поени во финишот на сезоната, а лани Надал беше повреден и не играше во завршницата од годината, па тој сега жнее бодови. Шпанецот сигурно ќе остане на чело на машкиот карван на крајот од оваа година.

Сепак, во финалето на турнирот во Пекинг, новиот лидер беше немоќен да му се спротивстави на Ѓоковиќ во рекордниот 38 меѓусебен дуел на двајцата големи ривали. Тоа е дуото што најмногу игра меѓусебе во ерата на Опен турнирите, што е започната од 1968 година. Со оваа победа во Пекинг, Ѓоковиќ намали на 16-22 во победи против Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top