Не стивнуваат вестите од Белград каде се води оставинска постапка за имотот на Јосип Броз Тито. Сега до судот стигнало барање од наследниците на српскиот крал Караѓорѓевиќ.
Наследниците на кралот упатиле допис во кој наведуваат дека сакаат да учествуваат во оставинска постапка поврзана со имотот на покојниот претседател на СФРЈ, затоа што од медиумите биле информирани дека во сефот на Тито во Народна банка на Србија, во депозитот под број 555 има предмети од династијата Караѓорѓевиќ.
– Во сефот речиси секој предмет носи иницијали или печат на кралската фамилија. Тоа не е Титов сеф. Во него е рачен часовник од кралот Александар со вгравирано негово име, изјавил Оливер Антиќ, советникот на претседателот Томислав Николиќ, кој учествува во пописот на имотот на Јосип Броз Тито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


