Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека Јапонија е подготвена да прими меѓународна помош за прекин на истекувањето на радиоактивните води од оштетената нуклеарка „Фукушима“.
И покрај минатомесечното уверување на Абе дека истекувањето „е под контрола“, повеќето јапонски граѓани оценуваат дека тој ги прикрива проблемите во нуклеарната централа.
Јапонски официјални претставници признаа дека подземните води, кои се загадени од радиоактивното истекување од „Фукушима“, почнале да се слеваат во Тихиот Океан веднаш по оштетувањето на оваа нуклеарка во катастрофалниот земјотрес и цунами во март 2012 година.
Стравот кај јавноста се зголеми уште повеќе по неодамнешното истекување на радиоактивните води од резервоарите на „Фукушима“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.