Федерацијата на фармерите по втор пат ја организира манифестацијата „Етно ден на млади фармери“ во струмичкото село Габрово денеска. Целта на Манифестацијата е промоција на традицијата и заживување и унапредување на руралниот живот, преку негување на подзаборавените традиционални обичаи, како и пренесување на порака за развој на руралните средини и отворање на бизниси на овие места каде што носители на бизнисите се млади лица. . Во рамките на манифестацијата ќе има гости од Бугарија и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.