| четврток, 6 декември 2018 |

Географска ознака за заштита на традиционалната храна

terra madreВкупно 200 делегати од 11 земји, Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија и Турција на годинашната средба „Тера Мадре Балкан“ во Дубровник дефинираат стратегија за заштита на традиционалните прехранбени производи од регионот.

На преку 120 производи од Балканот и Анадолија им се заканува опасност од исчезнување. Тие се дел од културата на локалните заедници кои како резултат на различни економски, политички и социјални причини се ранливи и производството на оваа уникатна балканска храна не може да продолжи, велат учесниците на „Тера Мадре“. Од таму се испраќа и пораката за заштита на руралното наследство, како и за огромното значење на младите во земјоделството.

terra_madre_worldВо рамки на манифестацијата денеска ќе се одржат две конференции, за поддршка на малите – семејни фармери и за заштитена географска ознака на производите. На првата ќе бидат презентирани флексибилните мерки во ЕУ регулативите со оглед на обвинувањата дека Унијата често донесува строги закони кои ги ограничуваат малите – семејни производители, на тој начин заканувајќи им се на локалните традиции и знаењата за занаетчиското производство на храна. На втората, пак, ќе биде предочено дека повеќе од 1.400 производи имаат заштитена ознака за географско потекло во Европската унија, но само неколку од нив се од Балканскиот регион. Оваа конференција ќе го појасни процесот неопходен за воведување на географските ознаки преку примерите со мандарините од хрватската долина на Неретва и куленот од Барањскиот регион.

„Тера Мадре Балкан“ се одржува од 19 до 22 јуни. Главната цел е да се прецизираат следните чекори и алатки за заштита на традиционалните производи од исчезнување и помагање на локалните заедници на храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top