| четврток, 6 декември 2018 |

Фелаини е повреден и ќе паузира до Нова Година

Летното засилување на Манчестер јунајтед, Маруане Фелаини е повреден и најверојатно ќе паузира до Нова Година. Белгиецот вчера не настапи за „црвените ѓаволи“ против Сандерленд, а причините за отсуството на играчот од средниот ред го образложи Дејвид Мојес по натпреварот.

„Воопшто не е добра ситуацијата со повредата на зглобот кај Маруане и тој ќе мора да оди на преглед кај специјалист“, изјави менаџерот на Јунајтед.

Според првичните проценки Фелаини ќе мора да оди на операција, а паузата ќе трае цели три месеци. Манчестер и без помошта на белгискиот репрезентативец го победи Сандерленд со 2-1, со головите на 18-годишниот Аднан Јанузај. Стрелец за „црните мачки“ од Сандерленд беше Гарднер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top