Во знак на протест на плоштадот пред Парламентот во Берн, Швајцарците буквално истурија 14 тони пари, поточно 400.000 франци во кованици од пет центи. Тие бараат државата на сите граѓани да им исплатува месечна минимална плата.
Додека Европа и останатиот дел од светот се борат со финансиска криза, активистите во Швајцарија одлучиле од државата да бараат на секој полнолетен граѓанин, месечно без оглед на неговата имотна состојба, социјален или било каков статус, да му се исплатува 2.500 швјцарски франци, а на малолетните 1.800.
Во април оваа година активистите на иницијативата Generation Basic Income почнаа со собирање потписи и бараа распишување референдум во врска со воведување основен приход за сите граѓани. Собраа повеќе од доволно потписи. Сега останува власта да распише референдум, дали Швајцарците се согласни да примаат ваков месечен надомест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


