Кристијано Роналдо е крал на завршниците од фудбалските натпревари и повторно со гол во судиското продолжение му донесе победа на Реал Мадрид. Во трилер финиш против Леванте, „кралевите“ од пораз стасаа до победа од 3-2. До 90 минута беше 2-1 за домаќинот од Валенсија, но најпрво Алваро Мората најави пресврт со убав погодок, а потоа Роналдо го комплетираше кам-бекот на Реал со победнички погодок во 93 минута.
Во првото полувреме немаше голови, а вториот дел почна со погодок на Дијавара во 53 минута за предност на Леванте. Серхио Рамос израмни по еден час игра, а Ел Жар со погодок во 86 минута ја врати предноста за домаќините. И кога се чинеше дека „кралот“ е во нокдаун, Мората и Роналдо се погрижија за победа на Реал. Слично беше сценариото и претходно на дуелот против Елче, кога португалскиот ас со гол од пенал во 94 минута му обезбеди три бода на својот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


