Аднан Јанузај, тинејџер кој е роден во Белгија, а има потекло од Косово, со два прекрасни погодоци му донесе победа на Манчестер јунајтед против Сандерленд. Јанузај стрелаше прецизно во 55 и 61 минута за пресврт и три бода за фаворитот. Претходно во петтата минута Гарднер им донесе предност на домаќините.
Јанузај има 18 години и со првиот погодок стана петтиот најмлад фудбалер во Премиерлигата што се запишал во листата на стрелците. Особено убав беше вториот погодок со волеј удар откосо. Јунајтед ја забележа третата победа во седмиот натпревар и со 10 бода е на делба на 9 позиција со Њукасл и со Астон Вила. Сандерленд е фенерџија со само еден бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)