| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ тврди дека нема невработеност во Македонија

sdsm

Главната опозициона партија СДСМ во своето соопштение, како реакција на политичкиот пикник организиран од Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, индиректно тврди дека во државава нема невработени лица, бидејќи „политиките на власта допринесоа над 300.000 граѓани да се иселат во странство“, што е бројка многу блиска до официјалната бројка на невработени која ја објавува Агенцијата за вработување. Ако оваа бројка на опозицијата е точна тогаш се неточни бројките на Агенцијата за вработување, бидејќи, произлегува дека сите невработени се ислеиле од Македоанија.

Конкретно во нивното соопштение стои:

„Не постои политички субјект во државата за кого семејството не е значајна клетка на општеството, но само ВМРО-ДПМНЕ вулгарно го злоупотребува за политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ лицемерно зборува за семејство и семејни вредности. Токму политиките на нивната власт допринесоа над 300 илјади граѓани, пред се млади, да се иселат од Република Македонија во последните неколку години.

Конзервативниот популизам што го спроведува ВМРО-ДПМНЕ, во суштина е параван за одвлекување на вниманието на јавноста од катастрофалните резултати на владата на Груевски кои негативно влијаат на македонското семејство.

Денес, вистинските проблеми кои го мачат просечното семејство во Република Македонија се невработеноста, сиромаштијата, поскапувањата, нискиот стандард и растечкото раслојување на граѓаните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top