Екипата на Ливерпул лесно го победи Кристал Палас со 3-1 и до утре ќе биде лидер на табелата во Премиерлигата. Со головите на Суарез, Стариџ и на Џерард уште во првото полувреме „црвените“ ги разрешија сите дилеми околу победникот. Гејл намали со гол во второто полувреме. Ливерпул има 16 бода, но и натпревар повеќе од второпласираниот Арсенал, кој има и бод помалку.
Во дербито на колото Манчестер сити со пресврт го победи Евертон на домашен терен. Лукаку во 16 минута им донесе предност на „карамелите“ од Ливерпул, но тоа беше се што сторија гостите. Во следниот напад Негредо израмни на 1-1, потоа Агуеро во финишот на првиот дел погоди за водство на Сити од 2-1, а истиот играч од пенал во вториот дел ги постеви конечните 3-1.
Фулам го победи Стоук со 1-0, со голот на Дарен Бент, Хул и Астон Вила одиграа без погодоци, а единствената победа на гости во некомплетното седмо коло ја прокнижи Њукасл против Кардиф. Со два гола на Реми „црно-белите“ славеа со 2-1. Одемвинге беше прецизен за Кардиф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


