Дали комуницирате? Се разбира дека да. Од основната комуникација: вашата гардероба, вашиот говор на телото, вербалната експресија, вашето пишување, вашата листа со намирници, вашите забави. Се е комуникација, всушност, ние испраќаме пораки од секој можен аспект. Дали постои некој кој ги прима нашите пораки? Дали фидбекот (повратната реакција) којшто го добиваме се совпаѓа со она што сме го испратиле? Научете ги целите во комуникацијата: приватна, деловна, паметна комуникација.

За овие и уште неколку останати теми и прашања стана збор на работилницата за дизајн во комуникациите која се одржа во рамките на SDW во организација на „Навигаторс“ , ана која говореа Наташа Дукоска од „Навигаторс“, Билјана Северинова од „Прокредит банка“, Трендо и уште многу учсеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


