Во дербито на осмото коло во Бундеслигата играа двете Борусии, Менхенгладбах против Дортмунд, а славеа домаќините со двата гола во вториот дел, дела на Крузе од пенал и на Рафаел. За гостите од Дортмунд тоа е прв пораз во шампионатот, но сепак останаа на врвот со 19 бода, колку што има Баерн, но со меч помалку. За неполн час Баварците ќе го играат второто дерби денеска во Леверкузен против третопласираниот Баер. Победникот од тој меч ќе биде нов лидер на табелата.
Македонскиот интернационалец Николче Новески со гол во 90. минута го спаси Мајнц од пораз против Хофенхајм. Домаќините имаа негатива од 0-2 по 22 минути игра. Воланд и Фирмињо стрелаа прецизно за Хофенхајм, но домашниот тим не се предаде и со головите на Чупо-Мотинг во 82 и на Новески во 90 израмни на 2-2. Двете екипи со по 10 бода се во средината на табелата.
Шалке 04 го оправда епитетот на фаворитот против Аугсбург и славеше со 4-1, а сензација направи Ајнтрахт Брауншвајг против Волфсбург. Со головите на Белараби и Кумбела гостите славеа со 2-0 и ја прокнижија првата победа во првенството. Штутгарт и Вердер ремизираа 1-1, а стрелци беа Харник за домаќините и Петерсен за гостите од Бремен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


