| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли со кого разговарате на „Apple“: Ова е Сири личната помошничка (видео)

Сузан Бенет, жената која живее во едно предградие на Атланта, е “Siri”, односно гласот зад “виртуелната лична помошничка” на “Apple”, пишува “CNN”. И, иако од “Apple” не потврдија дека таа навистина е гласот со кој се запознаени корисниците на “iOS”, нејзината приказна со стопроцентна сигурност ја потврди експерт за аудио-форензика.

Нејзината приказна започнува во 2005 година, кога била ангажирана да изговара зборови и фрази во своето домашно студио.

Таа се снимала по четири саати секој ден во текот на еден месец, но дури во 2011 година, кога Сири беше интегрирана во производите на “Apple”, дознала дека тоа е она, откако пријателката ја повикала да и каже дека гласот кој допира од нејзиниот телефон звучи исто како Сузан.


Иако своите идентитети ги открија и нејзините “двојници” во Обединетото Кралство и Австралија, а пријателите и семејството долго време ја наговарале да се покаже пред светот, таа не сакала да го стори тоа бидејќи анонимноста и одговарала.

Сепак, сега таа одлучи дека дојде времето да признае која е, откако “Verge” ја објави приказната дека Сири е продуцентката и писателка Алисон Дафи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top