| четврток, 6 декември 2018 |

Изменети правилата за Евровизија 2014

Евровизија со изменети правила. Така објавија организаторите на натпреварот за песна на Евровизија.Измените ќе бидат спроведени од следното издание на овој музички напревар што ќе се одржи во 2014 година во Копехаген. За првпат имињата на членовите на националните жири-комисии ќе бидат познати пред натпреварот, а веднаш по финалето ќе биде објавено како гласал секој член на жирито поединечно, јави Би-Би-Си.

Измените следуваат откако се појавија гласини за наводно купување гласови за азербејџанскиот кандидат оваа година. Минатата недела Хрватска објави дека нема да учествува следната година заради финансиски причини. Тоа е шеста држава која потврдува дека нема да учествува во Копенхаген во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top