Поднесувам тужба за клевета- напиша градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на својот фејсбук профил. Понатаму посочи:
Повеќе од јасно е дека, како и најголемиот број на граѓани во државава, и јас немам доверба во нашето судство, но исто така е јасно дека не смее никој да клевети и да ја манипулира јавноста. Бев обвинет дека, наводно, сум “испумпувал од буџетот на општина Центар милионски суми на пари”. Пред седум дена, во мојата реакција на објавениот текст на порталот Курир, јасно наведов дека немам исплатено ниту еден денар за рекламирање во медиумите. Раководството на владеачката ВМРО-ДПМНЕ многу добро ја знае вистината, па затоа мудро им ја препушти валканата работа на нивните советници во општинскиот совет. Така, дојдовме до ситуација токму тие, н(а)ивните советници, да ја докажуваат веродостојноста на изнесениот текст, и тоа на суд. Таму ќе има почитуваната советничка доволно простор да објасни кои се тие “милионски суми на перење пари”, каде е и во што се состои “корумпираниот октопод на Жерновски”, како и за тоа каде е “оцрнета работата на Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ”.
Претходно Курир објави документи на кои стои потписот на градоначалникот Андреј Жерновски, а според кои општината Центар потрошила над милион денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Пожар во центарот на Скопје (фото)


