Рафаел Надал повторно е тениски рекет број 1, откако се пласираше во финалето на турнирот во Пекинг. Шпанецот го доби дуелот со Томаш Бердих, кој предаде поради повреда при резултат 4-2 во гемови во првиот сет, со што повторно се враќа на врвот на светската ранг-листа.
За него ова е кам-бек на челната позиција по две и пол години пауза, а детронизиран е Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер попладнево во второто полуфинале ќе игра против Ришар Гаске, но нема шанси да го задржи врвот на АТП-листата. Ѓоковиќ ја брани титулата во Пекинг и дури и ако пак слави на турнирот нема да ја сочува позицијата број 1. Лани Надал не настапи на турнирот и бодовите што ги освои со пласманот во финалето се доволни за да се најде на врвот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


