| четврток, 6 декември 2018 |

Работна средба на делегации од МАНУ и БАН во Сандански

Во Сандански, Република Бугарија, денеска ќе се одржи работна средба на делегации на Македонската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науките, јавува „Курир“. Делегациите, предводени од претседателите на академиите, акад. Владо Камбовски и акад. Стефан Воденичаров ќе ја разгледуваат досегашната соработка меѓу двете академии и ќе ги утврдат идните проекти и активности на кои ќе соработуваат МАНУ и БАН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top