| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија троши 100.000 евра за Евровизија

evrovizija-01

 

Се поголемиот број земји кои одлучуваат да се откажат од натпреварувањето во избор за Евровизија, не доведува до прашање дали Македонија треба да го следи нивниот пример и колку пари се трошат за оваа намена секоја година. Раководителот на музичката продукција н МТВ Љупчо Мирковски за Телеграф открива колку чинат трошоците за претставување на државава на Евросонг:

– Не можам да ви дадам точна сума на пари, можам да ви кажам за минатата година дека буџетот изнесуваше 32 илјади евра, но тоа не е реалната сума на пари што се потребни за едно учество. Учеството на „Евровизија“ е скапо, да. Како партиципација, ние како Македонија треба да дадеме 45 илјади швајцарски франци, а каде се сите останати работи. Можам да кажам дека вкупните трошоци ќе изнесуваат помеѓу 80 илјади евра и 120 илјади евра – вели Љупчо Мирковски, кој е раководител на музичка продукција на МТВ.

На прашањето дали Македонија треба и понатаму да учествува на овој избор, со оглед на тоа што некои земји се откажаа, тој вели дека ваквиот тип натпреварување е од национален интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top