| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Никој не може да ја понижува Србија- ако за ЕУ забраната е нормална, преговори нема!

dacic

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ се закани дека ќе ги прекине преговорите со Приштина ако Европската унија ја оцени како нормална одлуката на Приштина за забрана за негово влегување на Косово.

– Некои претставници на земји од ЕУ ми испратија порака дека не можам јас да ја уценувам Европската унија. Луѓе, освестете се! Нас ни забранија влез на Косово, решете прво за тоа, а потоа лесно е со моите уцени. Нема никакви уцени. Водете дијалог со оној кој може да оди на Косово, изјави Дачиќ по прес конференцијата.

Дачиќ забележал дека највисоките европски официјални лица се огласиле по повод некои забрани кои неодамна беа донесени во Србија, но по овој повод се уште ги немало.
– Ако ова за Европската унија е нормално, немам повеќе интерес да учествувам во тоа, рече Дачиќ.

Српскиот премиер истакнал дека Србија е за мир и дијалог, но дека никој не може да ја понижува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top