Некогашниот фудбалер на Манчестер сити, Валериј Божинов, спаси живот на еден маж откако ја чул неговата ќерка како вика.
Божинов со својата девојка и ќерка бил во Софија. Во еден момент го чул врескањето на девојчето и видел како нејзиниот татко лежи на улица. Фудбалерот на размислувал многу, веднаш потрчал да му помогне и му дал вештачко дишење, што се покажало клучно.
Мажот дошол при свест, а брзо потоа дошла и брзата помош која го однела во болница, каде што сега се опоравува.
Лекарите ја пофалиле реакцијата на 27-годишниот напаѓач, кој моментално е без клуб, а формата ја одржува во московски Локомотив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


