| четврток, 6 декември 2018 |

Џулиен Мур доби ѕвезда на Булеварот на славните

Американската глумица Џулиен Мур доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, на свеченоста присуствуваа голем број нејзини колеги меѓу кои и партнерите од новиот филм „Кери“.

Церемонијата се одржа една недела порано пред премиерата на филмот.

dzulien mur 1

-Додека растев не размислував за глумата како моја професија. Почнав со тоа да се занимавам бидејќи сакам да читам, а тоа беше начин да се замислам како јунак од книгите. Тоа го обожував- рече 52-годишната глумица.

Џулиен Мур е четири пати номинирана за Оскар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top