| четврток, 6 декември 2018 |

Гр­ци­ја и офи­ци­јал­но не ја приз­на­ва ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја

Кој ко­го ла­же во спо­рот за име­то? Од­го­во­рот на пра­ша­ње­то е мно­гу сло­жен и, ко­га се во пра­ша­ње тај­ни дип­ло­мат­ски сце­на­ри­ја, со­се­ма е раз­бир­ли­во си­те вклу­че­ни во спо­рот за име­то да под­ла­жу­ва­ат или да кри­јат дел од сво­и­те актив­но­сти. Ду­ри и го­ле­ми­от фран­цу­ски ли­дер Шарл де Гол сво­е­вре­ме­но ка­жал де­ка е ре­чи­си не­воз­мож­но ка­ко по­ли­ти­чар се­ко­гаш да ја ка­жу­ваш ви­сти­на­та и да оста­неш на власт. Се­пак, тоа што во пос­лед­ни­ве две де­це­нии го пра­ват си­те грч­ки гар­ни­ту­ри на власт, но и го­лем број свет­ски дип­ло­ма­ти, кои ста­ва­ат ра­венс­тво ме­ѓу од­не­су­ва­ње­то на Гр­ци­ја и на Ма­ке­до­ни­ја, е над­вор од си­те по­ли­тич­ки, дип­ло­мат­ски и чо­веч­ки нор­ми на од­не­су­ва­ње.

Грч­ки­те дип­ло­ма­ти, но­ви­на­ри и на­уч­ни­ци, кои во пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни ко­му­ни­ци­ра­ат со ма­ке­дон­ски­те парт­не­ри, исто ка­ко и нај­го­лем дел од ме­ѓу­на­род­ни­те прет­став­ни­ци, кои по­сто­ја­но до­а­ѓа­ат во зем­ја­ва и сим­бо­лич­но ги ме­стат сво­и­те ча­сов­ни­ци на пет до 12, по­сто­ја­но го­во­рат де­ка единс­тве­на­та ра­бо­та за ко­ја се пре­го­ва­ра во ОН е за­ме­на­та на при­вре­ме­но­то име во свет­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја. Нѐ гле­да­ат в очи и ни ве­лат де­ка тре­ба да на­пра­ви­ме ком­про­мис за по­до­бра ид­ни­на на на­ши­те де­ца. Да бе­ше 16 век и Ма­ке­до­ни­ја да бе­ше дел од ама­зон­ски­те џунг­ли, мо­же­би, нив­но­то од­не­су­ва­ње ќе бе­ше ло­гич­но, но во 21 век оста­ну­ва го­ле­ма ди­ле­ма да­ли си­те тие се ма­ло­ум­ни, да­ли  мис­лат де­ка во Ма­ке­до­ни­ја жи­ве­ат ма­ло­ум­ни гра­ѓа­ни и по­ли­ти­ча­ри или сме­та­ат де­ка од страв да не ни се рас­пад­не др­жа­ва­та ќе ги при­фа­ти­ме на­вред­ли­ви­те пред­ло­зи со кои тре­ба са­ми­те да се пре­и­ме­ну­ва­ме.

На­стра­на од јав­ни­те из­ја­ви на грч­ки­те по­ли­ти­ча­ри и струч­ња­ци, на­стра­на од ни­за­та јав­ни по­ра­ки во кои офи­ци­јал­ни грч­ки прет­став­ни­ци со го­ди­ни ме­ѓу ре­до­ви или по­ди­рект­но ја проб­ле­ма­ти­зи­ра­ат ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, еден стар до­ку­мент на грч­ка­та др­жа­ва, кој ста­на по­пу­ла­рен во јав­но­ста, нај­пре­циз­но ја фор­му­ли­ра по­зи­ци­ја­та на грч­ки­от со­сед за та­ка­на­ре­че­ни­те иден­ти­тет­ски де­ло­ви од спо­рот за име­то.

Ексам­ба­са­до­рот Ри­сто Ни­ков­ски за до­ку­мен­тот што со го­ди­ни стои на веб-сај­тот на грч­ко­то МНР, а кој на исти­от ден ко­га грч­ки­от ви­це­пре­ми­ер и шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та се сре­ќа­ва­ше со ма­ке­дон­ски­от ко­ле­га По­по­ски во Њу­јорк бе­ше про­мо­ви­ран во дел од ме­ди­у­ми­те, ве­ли де­ка е пре­сврт­на точ­ка во пре­го­во­ри­те за име­то по ко­ја тре­ба се­ри­оз­но да се пре­ис­пи­та ма­ке­дон­ско­то учес­тво во нив. Спо­ред не­го, по обе­ло­де­ну­ва­ње­то на ста­вот на грч­ко­то МНР и фор­мал­но се по­твр­ду­ва што са­ка­ат на­ви­сти­на Гр­ци­те во спо­рот за име­то. Спор­ни­от текст што има ин­тен­ци­ја на не­у­трал­ни­те и не­ин­фор­ми­ра­ни стран­ци и Гр­ци да им се об­јас­ни спо­рот за име­то, нед­вос­мис­ле­но ја истак­ну­ва­ат офи­ци­јал­на­та грч­ка по­зи­ци­ја спо­ред ко­ја ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја е ве­штач­ка и фал­си­фи­ку­ва­на твор­ба.

Овој до­ку­мент во­оп­што не е нов, тој со го­ди­ни бе­ше дел од грч­ка­та дип­ло­мат­ска до­ку­мен­та­ци­ја, ко­ја се  де­ле­ше на стран­ски прет­став­ни­ци и ло­би­сти, а бе­ше дел и од ста­ра­та веб-стра­ни­ца на грч­ко­то МНР. Од пред не­кол­ку го­ди­ни бе­ше пре­ме­стен од по­мал­ку вид­лив дел на стра­ни­ца­та на МНР во Ати­на во де­лот што ја рас­ка­жу­ва грч­ка­та ви­сти­на за спо­рот.

За раз­ли­ка од Ни­ков­ски, кој има им­пре­сив­на не­фор­мал­на до­ку­мен­та­ци­ја за спо­рот, а кој до­се­га не чул за не­го, овој текст бе­ше де­тал­но ана­ли­зи­ран пред и за вре­ме на слу­ча­јот „Ма­ке­до­ни­ја про­тив Гр­ци­ја“ пред Ме­ѓу­на­род­ни­от суд во Хаг, кој Ати­на го за­гу­би. Во пре­су­да­та од Хаг ду­ри мо­жат да се пре­поз­на­ат не­кол­ку не­ги­ра­ња на твр­де­ња­та од тек­стот од стра­на на су­ди­и­те. Се­пак, Ни­ков­ски е во пра­во, за раз­ли­ка од си­те дру­ги об­ви­ну­ва­ња да­де­ни во по­мал­ку или по­ве­ќе не­фор­мал­на ат­мо­сфе­ра пре­ку ме­ди­у­ми или на јав­ни три­би­ни, овој до­ку­мент има се­ри­оз­на спе­ци­фич­на те­жи­на за­тоа што до­а­ѓа од офи­ци­јал­на ин­сти­ту­ци­ја, ко­ја е од­го­вор­на за пре­го­во­ри­те за име­то. По­ра­ди бло­ка­да­та за ин­фор­ма­ци­и­те по­вр­за­ни со име­то во ма­ке­дон­ска­та вла­да не мо­же да се доз­нае ка­ко на овој до­ку­мент ре­а­ги­рал по­сред­ни­кот Мет­ју Ни­миц, но очиг­лед­но е де­ка не­ма да мо­же дол­го­роч­но да се крие пред фа­ктот што со фор­мал­на­та по­зи­ци­ја за не­по­сто­е­ње ма­ке­дон­ска на­ци­ја ди­рект­но се на­ру­шу­ва не­го­ви­от авто­ри­тет ка­ко ко­ре­ктен  пре­го­ва­рач. Тој што го про­чи­тал до­ку­мен­тот мо­же да по­мис­ли де­ка Ни­миц е лаж­го од го­лем ка­ли­бар за­тоа што до­де­ка ка­жу­ва де­ка пре­го­ва­ра­ме са­мо за име­то, со­се­ди­те од ју­гот твр­дат де­ка не по­стои ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја и со тоа над­вор од ман­да­тот да­ден со ре­зо­лу­ци­и­те на ОН ба­ра­ат да би­дат ку­мо­ви на, за нив, фал­си­фи­ку­ва­на­та ма­ке­дон­ска на­ци­ја.

Тоа што е уште по­о­пас­но е што грч­ки­те офи­ци­јал­ни ли­ца не го кри­јат, ни­ту го де­ман­ти­ра­ат тоа. За нив се­вер­но од Ге­вге­ли­ја не е спор­но по­сто­е­ње на­ци­ја по­себ­на од срп­ска­та, бу­гар­ска­та или ал­бан­ска­та, спор­но е са­мо тоа што таа се на­ре­ку­ва ма­ке­дон­ска и по­ра­ди тоа по­сред­ни­кот Ни­миц пред еден ме­сец од Ати­на бе­ше ис­пра­тен со на­лог пр­во да го на­те­ра Скоп­је да при­фа­ти име за се­ко­ја упо­тре­ба, а ду­ри по­тоа да се вра­ти да го ре­ша­ва овој иден­ти­тет­ски ја­зол.

За грч­ки­те прет­став­ни­ци што ко­му­ни­ци­ра­ат со ма­ке­дон­ски­те ко­ле­ги и но­ви­на­ри не­ма ни­ка­кви ди­ле­ми де­ка тоа е ви­сти­на. И за­тоа, спо­ред нив, се по­драз­би­ра де­ка но­во­то евен­ту­ал­но име ќе го одре­ди и на­зи­вот на на­ци­ја­та и ја­зи­кот. Спо­ред таа ло­ги­ка, ко­ја е при­фа­те­на на ни­во на стра­те­ги­ја, евен­ту­ал­но­то но­во ком­про­мис­но име ќе го одре­ди и иден­ти­тет­ски­от кор­пус. Па, та­ка, ако, на при­мер, би­де по­стиг­нат до­го­вор за Ре­пуб­ли­ка Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко што, на­вод­но, пред­ло­жил по­сред­ни­кот во еден од не­го­ви­те пос­лед­ни па­кет-идеи, име­то на на­ци­ја­та, спо­ред Ати­на, мо­ра да би­де се­вер­но­ма­ке­дон­ска, а ја­зи­кот се­вер­но­ма­ке­дон­ски. Иа­ко во ме­ѓу­на­род­но­то пра­во и пра­кти­ка ова ди­рект­но се ко­си со на­че­ло­то на са­мо­и­ден­ти­фи­ка­ци­ја и на са­мо­и­ме­ну­ва­ње, Гр­ци­ја до крај ќе ин­си­сти­ра на ова пра­ша­ње, по­ра­ди што до­го­во­рот сѐ уште е да­ле­ку.

REPUBLIKA-br57-(4-okt-2013)-naslovna

Гру­ев­ски со кри­стал­но ја­сен го­вор во ОН

Уме­ре­ни­от, ефе­ктен  и прав­но и ре­то­рич­ки  из­ба­лан­си­ран го­вор на пре­ми­е­рот во са­ла­та на Ге­не­рал­но­то со­бра­ние на Обе­ди­не­ти­те на­ции во нај­го­лем дел од­го­во­ри на на­ве­де­ни­те пра­ша­ња и да­де пре­циз­на фор­ма на ид­ни­те пре­го­во­ри, ко­ја е единс­тве­но при­фат­ли­ва за Ма­ке­до­ни­ја. Тој не го­во­ре­ше за огра­ни­че­на­та пуб­ли­ка во Гр­ци­ја, таа и без не­го­ви­от го­вор знае де­ка Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш не­ма да се отка­же од сво­јот иден­ти­тет, без раз­ли­ка да­ли не­кој по­ли­ти­чар во ид­ни­на ќе се ос­ме­ли да пре­го­ва­ра или ду­ри и ќе по­стиг­не вер­ба­лен до­го­вор за иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња, кој би бил на ште­та на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја. Ма­ке­дон­ски­от пре­ми­ер на Ист Ри­вер го­во­ре­ше за да го слуш­нат прет­став­ни­ци­те на го­ле­ми­те си­ли и член­ки­те на Со­ве­тот за без­бед­ност, кои има­ат ди­рект­на од­го­вор­ност за пре­кр­шу­ва­ње­то на ни­за ос­нов­ни на­че­ла на По­вел­ба­та на свет­ска­та асамб­ле­ја во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја. Пр­ва­та цел од го­во­рот, ако се сле­дат не­фор­мал­ни­те ре­ак­ции во дип­ло­мат­ски­те кру­го­ви во Скоп­је, е по­стиг­на­та. Тој се ко­мен­ти­ра и се ана­ли­зи­ра. Се­га оста­ну­ва да се ви­ди да­ли го­ле­ми­те си­ли мо­жат бе­скрај­но да се пре­пра­ва­ат де­ка ме­ѓу­на­род­но­то пра­во е функ­ци­о­нал­но во цел свет или и по­на­та­му, кри­еј­ќи се зад си­ла­та и мо­ќта што ја има­ат, без­о­браз­но ќе твр­дат де­ка Ма­ке­до­ни­ја е ви­нов­на што Гр­ци­ја и во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја го по­га­зи ме­ѓу­на­род­но­то пра­во, вклу­чи­тел­но и ста­вот на су­ди­и­те на Су­дот на прав­да­та во Хаг.

Ре­фе­рен­дум и во Гр­ци­ја

До­бро­ин­фор­ми­ра­ни из­во­ри на „Ре­пуб­ли­ка“ ве­лат де­ка Гр­ци­ја, по­крај име­ну­ва­ње­то на ае­ро­дро­мот во Скоп­је во „Але­ксан­дар Ве­ли­ки“ во 2007 го­ди­на, најм­но­гу е ре­вол­ти­ра­на од нај­а­ви­те де­ка ма­ке­дон­ска­та вла­да се­кое ком­про­мис­но ре­ше­ние со Гр­ци­ја ќе го ста­ви на ре­фе­рен­дум. Тоа е пра­во на вла­да­та на Гру­ев­ски, ве­лат из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“, но со тоа се отво­ра мож­ност и по­тре­ба иста та­ква про­це­ду­ра да се слу­чи и во Гр­ци­ја. Спо­ред нив, до­кол­ку во Ма­ке­до­ни­ја и има мож­ност не­кој пред­лог да по­ми­не по­ра­ди тоа што за не­го се до­вол­ни и гла­со­ви­те на мал­цинс­тва­та и опо­зи­ци­ски­те пар­тии, кои не се емо­тив­но по­вр­за­ни со име­то Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко што се Ма­ке­дон­ци­те, во Гр­ци­ја не­ма ни­ка­ква шан­са за ус­пех на ре­фе­рен­дум­ско из­јас­ну­ва­ње. А при­чи­ни­те не се во од­но­сот на обич­ни­те гра­ѓа­ни кон проб­ле­мот за име­то ту­ку, пред сѐ по­ра­ди не­за­до­волс­тво­то од те­шка­та еко­ном­ска со­стој­ба. Ана­ли­зи­те по­ка­жу­ва­ат де­ка си­те опо­зи­ци­ски пар­тии ќе го каз­нат Са­ма­рас ако ор­га­ни­зи­ра ре­фе­рен­дум за кое би­ло пра­ша­ње, не са­мо за име­то. По­крај опас­но­ста евен­ту­а­лен ре­фе­рен­дум да не ус­пее во Гр­ци­ја, по­стои и страв де­ка ре­фе­рен­дум­ско­то из­јас­ну­ва­ње мо­же да би­де иско­ри­сте­но во ид­ни­на за да се по­ни­шти од­лу­ка­та. Со­се­ма ло­гич­но е, ве­лат из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“ во грч­ки­те на­уч­ни кру­го­ви, не­ко­ја ид­на вла­да за не­кол­ку го­ди­ни или по вле­зот на зем­ја­та во ЕУ да ор­га­ни­зи­ра нов ре­фе­рен­дум на кој би се гла­са­ло за по­ни­шту­ва­ње на од­лу­ка­та за  до­го­вор со Гр­ци­ја. Сѐ до­де­ка не се ели­ми­ни­ра­ат си­те опас­но­сти и ри­зи­ци, Гр­ци­ја не­ма да до­не­се ни­ка­ква од­лу­ка , осо­бе­но не од­лу­ка со ко­ја на Ма­ке­до­ни­ја ќе ѝ се овоз­мо­жи на­пре­док во ЕУ и во НАТО без при­тоа да има прав­но об­вр­зу­вач­ки за­дол­же­ни­ја, кои ќе мо­ра да ги по­чи­ту­ва во ид­ни­на. Тре­ти­от проб­лем што го иден­ти­фи­ку­ва­ат из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“ е ка­та­стро­фал­на­та со­стој­ба во пог­лед на ин­фор­ми­ра­ње­то на грч­ка­та јав­ност за со­стој­би­те ов­де. Си­те до­се­гаш­ни грч­ки ам­ба­са­до­ри во Скоп­је има­ле проб­лем ка­ко на сво­и­те ше­фо­ви во Ати­на да им об­јас­нат де­ка жи­во­тот во Ма­ке­до­ни­ја не е фал­си­фи­ку­ван, де­ка Ма­ке­дон­ци­те не се чув­ству­ва­ат фал­си­фи­ку­ва­но ка­ко што твр­ди грч­ко­то МНР. По­ра­ди сво­ја­та хра­брост ма­ке­дон­ска­та ре­ал­ност да ја пре­не­се во Гр­ци­ја, а за тоа збо­ру­ва­ше и пред ме­ѓу­на­род­ни ме­ди­у­ми еден од тие дип­ло­ма­ти, ам­ба­са­дор­ка­та  Гро­со­ма­ни­ду пред не­кол­ку го­ди­ни бе­ше пов­ле­че­на од Скоп­је. За раз­ли­ка од Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што по­ра­ди важ­но­ста на од­но­си­те со Гр­ци­ја се знае ре­чи­си сѐ, кај јуж­ни­от со­сед јав­но­ста не­ма ни­ка­кви ин­фор­ма­ции за Ма­ке­до­ни­ја, ни­ту, пак, кај ме­ди­у­ми­те има ин­те­рес за ин­фор­ми­ра­ње од  зем­ја­ва, што до­пол­ни­тел­но го отеж­ну­ва фи­нал­ни­от до­го­вор.

 Цр­ве­ни­те ли­нии не­ма да обе­лат во оваа фа­за

Грч­ки из­во­ри приз­на­ва­ат де­ка фи­нал­но­то ре­ше­ние не­ма да би­де тоа што го ба­ра Ати­на  во оваа фа­за. Те­о­ри­ја­та на пре­го­ва­ра­ње ве­ли де­ка на по­че­ток на се­кои пре­го­во­ри мо­ра да се за­зе­ме ма­кси­ма­ли­стич­ки став. Спо­ред нив, се­га на по­тег е Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но што во 2009 го­ди­на грч­ки­те по­ли­тич­ки си­ли јав­но при­фа­ти­ја во но­во­то име да стои збо­рот Ма­ке­до­ни­ја. Иа­ко упо­тре­ба­та на Ма­ке­до­ни­ја бе­ше ап­сол­ви­ра­на уште со па­дот на Ли­са­бон­ска­та дек­ла­ра­ци­ја, спо­ред ко­ја во 1991 го­ди­на ни бе­ше за­бра­не­то да го ко­ри­сти­ме тој збор, грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја сме­та де­ка тоа е го­ле­ма от­стап­ка од нив­на стра­на. И по­крај тоа што ни­кој на све­тот не се сом­не­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја, во се­кој слу­чај, има пра­во да го ко­ри­сти сво­е­то устав­но име, се­пак Гр­ци­те сме­та­ат де­ка тоа е мо­мен­тот со кој Гр­ци­ја на­пра­ви­ла от­стап­ки, по што Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да на­пра­ви че­кор и да при­фа­ти ба­рем дел од грч­ки­те ба­ра­ња. Ма­ке­дон­ски пан­дан на та­ка­на­ре­че­на­та грч­ка от­стап­ка од 2009 го­ди­на се­га би мо­же­ла да би­де за­ед­нич­ка дек­ла­ра­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те пар­ла­мен­тар­ни пар­тии со ко­ја на Гр­ци­ја ѝ се приз­на­ва пра­во­то ер­га ом­нес да ги ко­ри­сти си­те свои ими­ња, а ги има мно­гу. За раз­ли­ка од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја не мо­же да го ко­ри­сти единс­тве­но­то име што го има, јуж­ни­от со­сед од Greece и Helas пре­ку Ела­да и Ελληνική Δημοκρατία сѐ до Greqia, име што до 1949 го­ди­на би­ло во оп­тек во ОН, по што Ати­на по­ба­ра­ла да би­де за­ме­не­то со Хе­лас, ко­ри­сти нај­мал­ку пет ими­ња и ни­кој не­ма проб­лем со тоа.

Горан Момироски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top