По првиот ден од одржувањето на МТП Тенис опен 2013, првиот носител Димитар Грабул без проблеми го совлада Тарик Мекиќ во два сета, со 6:1,6:1.
Останатите носители, исто така, без посериозни проблеми напредуваа до второто коло, односно четрврт-финалето. Најголемо изненадување во 2. коло, пак, го приреди Бојан Јанкуловски, кој го елиминираше четвртиот носител Шендрит Деари 6:3, 3:6 и 10:7 во тај-брејк во третиот сет.
Нашиот репрезентативец во Дејвис-куп, Предраг Русевски, сепак, не беше во можност да настапи на турнирот повлекувајќи се во последен момент поради повреда на коленото, притоа оставајќи го Илија Мартиновски во можност да се сретне со Димитар Грабул веќе во полуфиналето.
Четврт-финалните мечеви, како и мечевите во игра на двојки, на програмата се утре со почеток од 9 часот на терените на „МТП Спортс клуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.