| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Не сум стар за НБА

Атланта Хокс имаше отворен тренинг за медиумите, па новинарите на „Atlanta Journal-Constitution“ се дружеа со кошаркарите на овој тим, а меѓу нив беше и Перо Антиќ

antic-atlanta-500

За својата дебитантска сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, македонскиот кошаркар вели:

– Знам дека се игра физички многу силно и брзо, со многу трчање. Сè уште сум во добра форма, а, можеби, сите мислат дека сум престар за НБА-лигата. Но, ми беше потребен нов предизвик и дојдов тука да се испробам. Колку што можам да забележам од досегашните тренинзи можам да бидам ОК во оваа игра со многу трчање, како во нападот така и во одбраната. Сè уште треба да се докажувам, изјави Антиќ за „Атланта џурнал – конститушн“ (Atlanta Journal-Constitution).

Дебито на Антиќ во дресот на Атланта се очекува да се случи на егзибицискиот меч против Мајами Хит, кој ќе се одигра на 7 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top