| четврток, 6 декември 2018 |

Само жените од А-класа и мажите од Д-класа не можат да најдат партнер

На високообразованите и успешни жени не им е лесно во патријархално општество во кое сѐ уште се очекува мажот да го има последниот збор.

Успешните немажени жени во Кина кои веќе се во доцните дваесетти години сѐ повеќе се под притисок од семејството, пријателите , па дури и на кинеската влада, кои од нив очекуваат да пронајдат партнер и да се омажат. Всушност, кога ќе наполнат 30 години, се етикетираат како „стари моми“ или, како што се нарекуваат во Кина, „остатоци од жена“, па големи се шансите тие да останат немажени.

Иако во Кина нема дефицит на мажи, и мажите и жените мора да се борат со патријархалните општествени структури, според кои мажот мора да биде супериорен над жената кога станува збор за плата, образование и имот.

– Тоа доведува до феноменот дека мажот се жени со жена една класа подолу  од него. Мажот од А-класа со жена од Б. Маж Б-класа стапува во брак со жена Ц-класа, односно мажот Ц-класа со жена од Д-класа. Само жените од А-класа и мажите од Д-класа не можат си најдат партнери – вели водителката Ни Лин, која води познато телевизиско шоу за спојување двојки.

Научникот Сенди То тврди дека владата ги обвинува жените кои не се во брак и дека тие мислат дека самите жени се виновни за својата состојба, бидејќи се премногу пребирливи кога станува збор за мажите и премногу се фокусирани на кариерата за да се занимаваат со брак. Но, смета дека феноменот „остатоци“ наскоро ќе исчезне со зголемувањето на високообразованите жени, бидејќи на мажите ќе им биде сѐ потешко да најдат инфериорни жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top