| четврток, 6 декември 2018 |

Иранците ќе можат да се женат со посвоените ќерки

islam dete zena

Пратениците во Иран усвоија контроверзен закон, кој овозможува татковците да се женат со своите посвоени ќерки, кои не смееат да бидат помлади од 12 години. Тие тврдат дека законот е во интерес на децата, додека борците за заштита на човековите права тврдат дека се работи за легализација на педофилија.

Советот на чуварите на исламската револуција, кој го сочинуваат свештеници и правници, сè уште се нема изјаснето за овој закон. Според сегашниот закон во Иран, на девојчињата постари од 13 години им е дозволено да се мажат, но само со одобрување на таткото, додека момчињата можат да се женат кога ќе навршат 15 години. Во посебни случаи и девојчињата помлади од 13 години можат да се мажат, но со одобрување на судот, а со него венчавањето со посвени деца беше забрането.

– Ова е легализација на педофилијата. Венчавањето со посвоените деца не е дел на иранската култура. Во Иран постои инцест како и во сите држави во светот, но овој закон претставува криминал – изјави Шади Садр, адвокат од организацијата „Правда за Иран“, чиешто седиште е во Лондон.

Иранскиот итнернет-сајт „Табнак“ пренесува дека во 2010 година дури 42.000 деца на возраст меѓу 10 и 14 години се венчале во Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top