| четврток, 6 декември 2018 |

Озил, Тери и Ван Перси поевтини од Георгиевски, Фреј и Витсел

Челси ја декласира Стеауа со 4-0 во Букурешт, но и Романците можат да се пофалат со победа, се шегуваат британските медиуми. Триумфот се однесува на цената на дресовите и тука ѕвездите на Стеауа се во предност во однос на Челси. Ако сакате да купите оригинали од двата клуба, за дресот на Стеауа ќе треба да платите 94 евра, а истиот, но со боите на Челси, ќе ве чини само 65 евра.

За дресот со број 17 на Даниел Георгиевски ќе платите речиси 30 евра повеќе од тој со број 26 на Џон Тери. Уште поевтино на пазарот котираат дресовите на Месут Озил и на сите фудбалски ѕвезди од Арсенал и на Робин ван Перси и неговите соиграчи од Манчестер јунајтед. За нив треба да се издвојат 60 евра, што и не е прескапо, ако се има предвид дека, на пример, дресовите на играчите на Базел чинат 95 евра, а уште поскапи се тие на Витсел, Хулк и останатите фудбалери на рускиот клуб Зенит, со цена од 103 евра по парче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top