Најбрзиот човек на планетата Јусеин Болт одлучи да им помогне на фудбалерите. На Роналдо му помогна да стане побрз, го тренираше Кун Агеро, се понуди да му помогне и на Герет Бејл, а сега на ред дојде и играчот на Арсенал, Санти Казорла.
Играчот за врска на „топџиите“ одлучи да проба да ги подобри своите брзински способности во соработка со Болт. Казорла сѐ уште се опоравува од повреда, а навивачите со нетрпение го чекаат неговото враќање.
Со оглед на тоа што подобрувањето на Роналдо е очигледно, не е ни чудо Казорла да стане побрз, а како што му тргнало на Болт, ќе почне да наплаќа приватни часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


