СДСМ инсистира претседавач на Советот на општина Струга да биде Македонец, избран од редовите на коалицијата „Заедно за Струга“, соопшти Даме Ложанковски, координатор на советничка група во Општина Струга. Според него, ВМРО-ДПМНЕ отстапува од принципот на коалициски договор и прифаќа претседавач на Советот на општина Струга да не биде Македонец.
– Бараме на денешната седница на Советот да биде изгласан претседавач Македонец. Во спротивно, СДСМ ќе ја преиспита коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ – додаде Ложанковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


