Тешка сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица се случи околу 9 часот на регионалниот пат Штип – Кочани. Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила.
Според првичните информации, во несреќата се повредени четворица патници, од кои тројца биле во патничкото возило „матис“ и еден во пикап. Сите се хоспитализирани во Клиничката болница – Штип.
Командирот на Противпожарната единица, Кире Патраклиски, вели дека и пожарната интервенирала при вадењето на патниците од автомобилите.
Оваа сообраќајна несреќа се случи на еден од најлошите свиоци на регионалниот пат Штип -Кочани, меѓу штипските села Долни Балвин и Крупиште.
Полицијата врши увид на местото на настанот, по што ќе се утврди кои се причините за тешката сообраќајна несреќа. Веќе еден час сообраќајот е во прекин на регионалниот пат Штип -Кочани, со што се создаде долга колона од тешки товарни возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.