| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата Дајана е убиена поради дневникот?

Најновата теорија сугерира дека принцезата Дајана е убиена поради тоа што ги запишала сексуалните тајни на кралското семејство.

По кобната сообраќајна несреќа во 1997 година, животот и смртта на принцезата Дајана се предмет на теорија на заговор, кои одат до таму дека ја убиле САС или дека нејзиниот партнер Доди Фајед бил целта.

Британскиот „ИБ тајмс“ пишува дека истражувачот Алан Пауер открил оти Дајана имала дневник во кој пишувало за сексуалните навики на кралското семејство.

Пишувало што сака во креветот принцот Чарлс и што правел со Камила Паркер, но наводно пишувало и за други членови од семејството, што ги загрижувало.

Тоа било оружје кое Дајана сакала да го искористи по разводот со Чарлс за да може повеќе да ги гледа своите синови, а дневникот завршил во рацете на нејзина пријателка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top