Комичните грешки на трилингот голмани, Беленов, Зеленика и Хандановиќ се белег на второто коло во Европа Лигата на УЕФА. Имаше и прекрасни голови на неколку дуели, но киксовите на овие тројца чувари на мрежата на Кубан, Динамо Загреб и Марибор се навистина забавни.
Беленов кој го брани голот на Кубан Краснодар е директен виновник за победата на Валенсија со 2-0, откако при резултат 0-0 не знаеше како да ја избие топката и на крајот се лизна, оставајќи го Алкасер сам пред празната мрежа. Резервистот на Валенсија го искористи подарокот, а подоцна и Пјати со убав гол од слободен удар му донесоа победа на шпанскиот преставник.
Голманот на Динамо Оливер Зеленика е директен виновник за вториот гол на Лудогорец во поразот на популарните „модри“ со 0-3 во Софија. Ја изби топката до противничкиот играч Мисидјан, а овој го искористи подарокот и лесно ја погоди празната мрежа на Динамо за 2-0. Подоцна и одбранбените играчи на тимот од Загреб направија кардинална грешка, а Лудогорец уште еднаш ги казни за лошата игра и со голот на Дјаков победи со 3-0.
Лош ден на голот на словенечкиот првак Марибор имаше Јасмин Хандановиќ, а двете негови грешки му помогнаа на Виган да слави со 3-1. Најпрво чуварот на мрежата на гостите лошо ја избоксува топката и му остави зицер на Пауел, кој погоди со глава за 1-0, а потоа Хандановиќ уште еднаш имаше лоша проценка при голот на Вилсон за предност на Англичаните од 2-0. Натпреварот заврши со победа на Виган од 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


