| четврток, 6 декември 2018 |

Динамо се изнамачи со авионот, Лудогорец го докусури (видео)

Експедицијата на Динамо се изнамачи на куса релација од Загреб за Софија, по проблемите со авионот и принудното слетување во Љубљана, а бугарски Лудогорец го докусури со победа од 3-0 во последните натпревари од второто коло во Европа Лигата на УЕФА.

Моторот на авионот откажа во лет кон Софија, а играта на Динамо се распадна на стадионот „Васил Левски“. Бразилецот Жунињо ја начна мрежата на Зеленика во 11. минута, а потоа токму голманот на Динамо направи смешен кикс и му асистираше на Мисидјан за 2-0 во 34. минута. И третиот гол беше комичен, откако одбраната на Динамо несмасно реагираше, а казни Дјаков за конечни Лудогорец – Динамо 3-0. Ова беше и еден вид реванш за елиминацијата на бугарскиот тим од хрватскиот шампион, лани кога со голот на Домагој Вида, Динамо го исфрли Лудогорец на последниот чекор пред фазата по групи во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top