| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ сепак не долетал во Сараево

Босанските медиуми прво објавија, а сега сами се демантираат  дека Златан Ибрахимовиќ слетал на сараевскиот аеродром.

Веста дека Златан Ибрахимовиќ слетал на сараевскиот аеродром е само шпекулација. Босанските медиуми прво објавија, а сега самите се демантираат дека Швеѓанецот допатувал во нивниот главен град.

Дури откако ја објавија информацијата медиумите во БиХ контактирале со раководните луѓе на аеродромот и со семејството Камењаш, кои ја негирале веста дека Ибрахимовиќ допатувал. Некои медиуми дури остварија контакти со луѓе вработени во францускиот клуб ПСЖ од каде потенцирале дека Ибрахимовиќ нема слободен термин за да го посети болниот Хајрудин.

Напаѓачот на болното дете му испратил подароци и потпишан дрес, но тешко е да се верува дека ќе отпатува во Сараево. Сепак, босанските медиуми наведуваат дека постои можност да се сретне со него во Париз.

За потсетување, осумгодишниот Хајрудин Камењаш боледува од тежок вид на леукемија и лекарите му предвиделе дека ќе живее уште еден месец. Неговата желба била да го запознае Златан Ибрахимовиќ, а утринава босанските медиуми објавија вест која со брзина на светлината се прошири низ цела Европа дека фудбалерот слетал на сараевскиот аеродром.

Сепак, неколку часа подоцна за жал оваа информација беше демантирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top