Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за РМ со месеци не може да си набави топло чоколадо и кафе еспресо за своите вработени!??
Барем вака стои на страницата за електронски јавни набавки, каде, денес е додадено дека тендерот за кафето и чоколадото на оваа фирма пропаднал оти немало ниту една понуда!
Во делот на оваа страница за поништени постапки или пропаднати тендери, има и други чудни огласи. Така и покрај големиот број на фирми што продаваат компјутерска опрема, генералниот секретаријат на Владата не успеале да најдат ниту една соодветна, односно, како што стои на страната „понудувачите понудиле цени и услуги кои се понеповолни од тие на пазарот“. Дали понудувачите мислеле дека со дел од набиената цена за опремата некого ќе „подмачкаат“ во Секретаријатот, за да го добијат тендерот, останува да се нагаѓа.
Од истите причини, пропаднал и тендерот на општина Карпош за изработка на интеркативна веб апликација за катастар на загадувачите во општината, како и тонери за своите принтери. Министерството за образование не може да најде ниту една фирма што ќе изврши доградба и адаптација на касарната Михајло Апостолски во Охрид за потребите на факултетот за информатички науки!?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена
-
Нема крај на скандалите: Компаниите на Анѓушев „се омрсиле“ со четири нови државни бизниси, вицепремиерот тврдеше дека нема да учестува на државни тендери
-
Богдановиќ за 4 години преку ПОЦ префрлил 500 000 евра на приватна фирма без да распише оглас



