Снимката од моментот на смртта на каскадерот на Џејмс Бонд, 42-годишниот Марк Сатон, покажува дека сѐ било во ред само неколку секунди пред каскадерот да скокне во смрт. Семејството дозволи објавување на видеото снимено за време на настанот во швајцарскиот град Тријент на Алпите на кој учествувале 23 најдобри каскадери во светот, кога Марк удрил во планина со брзина од околу 250 километри на час. Марк беше „замената“ на Џејмс Бонд на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Лондон, кога како најава за филмот слета на стадионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.