Словенечката премиерка Аленка Братушек изјави дека ќе ја напушти Владата ако го загуби лидерското место на партијата Позитивна Словенија на 19 октомври.
Предупредувањето дојде откако градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој ја формира партијата Позитивна Словенија во 2011 година, но поднесе оставка поради корупциски скандал, објави дека ќе ја оспори лидерската функција на Братушек.
– Факт е дека некој друг ќе треба да се обиде да формира Влада ако јас немам доволно поддршка во партијата. На сите треба да ни стане јасно дека времето за игри заврши – рече Братушек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.