Филмската ѕвезда Џорџ Клуни вечерал во еден ресторан во Берлин со свои колеги и на заминување им ја платил вечерата на луѓето кои седеле на масата до него како еден вид извнинување бидејќи сметал дека тој и неговите пријатлеи биле прегласни.
Клуни вечерал во ресторанот „Грил Ројал“ во Берлин и се загрижил дека тој и пријатлеите ко вечерале со него биле прегласни, па на заминување од ресторанот пред да ја плати својата сметка, ја зел и таа од соседната маса. Сметката чинела 135 американски долари.
– Беа многу културни. Многу ме изненади нивниот гест – изјави еден од присутните на масата на кои Клуни им ја платил вечерата.
Клуни во Германија е на снимање на филмот „Мажи споменици“ каде што тој освен што глуми, е и режисер. Во филмот уште играат Дениел Грег и Кејт Бланшет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.