Моџтаба Ахмади, шеф на иранската програма за водење кибернетска војна, е пронајден мртов во шума во близина на градот Караџ, северозападно од Техеран, пишува „Дејли телеграф“.
Ахмади последен пат бил виден во саботата кога одел на работа, а подоцна е откриено неговото тело. Според полицијата, на местото на убиството биле видени две лица на мопед. Во соопштението на Гардата на револуцијата се наведува дека се истражува смртта на Ахмади и се апелира да не се шпекулира кој е одговорен за убиството.
Од 2007 година се убиени петмина ирачки нуклеарни научници, како и шефот на иранската програма за балистички ракети. Официјален Техеран за убиствата ја обвини израелската разузнавачка агенција Мосад.
Последна жртва на слично убиство беше Мостафа Ахмади Рошан, хемичар кој работеше на збогатување на ураниум во Натанз. Тој загина кога во неговиот автомобил беше подметната бомба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.