| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Одлуката на Косово е скандалозна

srbija-kosovo-znameОдлуката на Приштина да им забрани на српските претставници да одат на Косово за време на предизборната кампања за локалните избори е „неразумна, ирационална и бесмислена“, изјави српскиот вицепремиер Александар Вучиќ.
– На некој начин, одлуката е скандалозна, но секогаш сакам некои работи да преноќат, па тогаш да направиме договор како и што да работиме – рече Вучиќ.
Според него, не може да се дозволи понижување, но оти е важно да се почека ден или два пред да се реагира. Тој за тоа разговарал со премиерот Ивица Дачиќ и очекува да разговара со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top