| четврток, 6 декември 2018 |

Лигата на шампиони има нов рекордер

Велскиот фудбалер Рајан Гигс по влегувањето во второто полувреме на натпреварот помеѓу Шахтар и Манчестер Јунајтед, направи нов рекорд по бројот на настапи во Лигата на шампионите.

Гигс во игра влезе во 66. минута како замена на Маруан Фелаини, со што го запиша својот 145 настап во најелитното натпреварување.

До сега рекордот со 144 настапи го делеше со легендата на Реал Мадрид Раул, но од оваа среда Велшанецот е осамен на врвот, но прашање на време е колку ќе биде прв, бидејќи Чави Хернандез има шест настапи помалце, но барем уште една сезона повеќе од играчот на Манчестер Јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top