Камерунскиот фудбалер Самуел Ето има вложено 4 милиони фунти во возен парк.
Изборот на напаѓачот на Челси падна на „бугати вејрон“, кој чини 1,55 милион фунти, кој заедно со уште три други возила му беа донесени во тренинг-центарот во Лондон откако летово се пресели од редовите на Анжи.
Покрај „бугати“, Ето може да се пофали и со „астон мартин еден-77“, вреден 1,25 милион фунти. 31-годишниот Камерунец, исто така, има купено луксузен „мајбах“ и уште еден „астон мартин В12“.
Ето од секогаш бил фан на автомобили, а познато е дека во 2010 година тој му подарил „порше“ на неговиот сонародник Роџер Мила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.