Поседот на Ријана во Лас Вегас, вреден 12 милиони долари, беше цел на провалници, кои и покрај многуте камери успеале да стигнат до влезната врата.
Откако со столови ја скршиле стаклената врата од домот на Ријана, силниот аларм ги премислил во нивната намерата.
Неверојатно е тоа што до куќата се доаѓа само по приватен пат, а провалниците не сметале дека тоа е ризична работа и покрај тоа што камери снимаат од сите страни.
По провалниците сѐ уште се трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.