Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска попладне оствари средба, поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, кој попладнево пристигна во Скопје по повод „Сахара – Балканскиот мировен фестивал“.
Средбата поминала во пријатна и пријателска атмосфера и позитивно биле оценети ваквиот вид на манифестации, кои за главна порака го имаат мирот и промоцијата на мирот.
На средбата било истакнато значењето на толеранцијата и соработката помеѓу народите, превенирањето и мирното решавање на конфликти.
Премиерот го запознал Блер со активностите на Владата во економијата, образованието, културата и ЕУ и НАТО интеграциите.
Фото: Ѓорѓи Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.