Инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП) во големата акција која ја спроведува деновиве за контрола на објектите, во Битола затвори и казни 16 трговски објекти, објави телевизија Орбис, повикувајќи се на изјава на портпаролот на Регионалната канцеларија на УЈП во Битола, Снежана Стојановска.
– Во контроли во делот на фискализацијата кои ги вршеа мобилните екипи на Управата, утврдени се неправилности за непочитување на законските одредби кај 16 даночни обврзници. Неправилностите се однесуваат за различни дејности, меѓу кои промет на мало со колонијал, промет со чевли, промет со пијалоци, промет со бои и лакови, промет со санитарија и плочки, промет со градежни материјали, перални, земјоделски аптеки, бутици, ресторани и друго – вели Стојановска.
Поради неиздавање фискални сметки и прикривање на реалниот готовински промет, на даночните обврзници им е изречена парична глоба во противвредност на 3.250 евра и мерка за времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.