| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн е гигант, ама младинците му се анти-таленти

Баерн е значаен фудбалски бренд, но моментно тоа важи само за сениорскиот состав кој е актуелен фудбалски шампион на Европа. Баварците имаат многу слаб младински тим, што денеска беше поразен во Манчестер од Сити со 0-6. Мечот беше дел од младинскита Лига на шампиони, што е новитет од оваа сезона.

Играат фудбалери до 19 години, а настапуваат истите екипи што се пласираа во фазата по групи во сениорска конкуренција во ЛШ.

Талентите на Манчестер сити со по 3 гола во двете полувремиња ги декласираа врсниците од Баерн. Нешто подоцна од 20 часот по вторпат во младинската ЛШ ќе настапи и македонскиот бисер меѓу стативите Дени Илиев. Тој е голман на Арсенал и во првото коло го бранеше голот на „топчиите“, а вечерва повторно ќе биде во стартниот состав против Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top