| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Блер пристигна во Скопје

Поранешниот британски премиер Тони Блер, денеска околу 15 часот пристигна во Скопје.  На аеродромот Александар Велики, тој беше пречекан од страна на шефот на дипломатијата, Никола Попоски и британскиот амбасадор Кристофер Ивон.

Половина час подоцна Блер пристигна во хотелот „Александар Палас“ каде се одржува „Мировниот фестивал“, кој го организира Сахара Груп на индискиот бизнисмен Субрата Рој.

Блер вечерва ќе говори во рамките на манифестацијата во новиот театар во Скопје. Претходно во 17.30 часот е најавена средба на Блер со македонскиот премиер Никола Груевски.

Деталите околу патувањето на Блер се држеа во тајност поради безбедносните процедури на Скотланд Јард.

Фото: Утрински весник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top